Тринаесет сообраќајки во Скопје, потешко повреден велосипедист

573

Едно лице велосипедист се здобило со тешки телесни повреди, седум со полесни повреди во 13 сообраќајни несреќи регистрирани на подрачјето на СВР Скопје.

Сообраќајната полиција исклучила од сообраќај 15 возачи, од кои 13 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и двајца возачи почетници.

Од сообраќај се исклучени и 15 нерегистрирани возила, 108 автомобили биле непрописно паркирани, а подигнати возила со „пајакот“ се 82.  

Тројца поминале крстосница на црвено светло, двајца се престроиле неправилно, еден возач неправилно престигнувал, додека пак осум возачи не користеле заштитен шлем со мотор, мопед и мотоцикл.