Триесет и пет лица управувале возило без возачка

430

Две лица добиле тешки телесни повреди, а 17 лесни во 13 од вкупно 23 сообраќајни незгоди што се случиле во изминатите четири дена на подрачјето на Скопје. Во 10 сообраќајни незгоди била причинета само материјална штета. По преземените мерки и активности од страна на Секторот за внатрешни работи Скопје, било констатирано дека 139 возачи ги управувале своите возила со брзина поголема од дозволената.
Од МВР велат од сообраќај биле исклучени 69 возачи, од кои 23 затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 35 седеле зад волан без да се стекнат со право за управување моторно возило и 11 возачи затоа што биле возачи почетници.
По извршените контроли, од сообраќај биле исклучени 35 возила, бидејќи 34 биле нерегистрирани, а едно возило било технички неисправно.

Поради поминување на крстосница на црвено светло биле санкционирани 15 возачи, девет возачи биле казнети поради недавање првенство на минување на пешаци, седум поради неправилно престројување и тројца возачи поради неправилно престигнување. Само еден возач бил санкциониран поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, 16 не поседувале зимска опрема, а тројца пак не носеле сигурносен појас за време на управување моторно возило. Дури 21 возач биле затекнати како користат мобилен телефон додека управуваат моторно возило. Изминативе четири дена само еден пешак е санкциониран поради тоа што поминувал на коловоз надвор од пешачки премин, а пет пешаци затоа што поминале коловоз на црвено светло.

Од СВР-Скопје информираат дека издале 211 мандатни платни налози и дека 130 возила биле подигнати со пајак.