Триесет дена притвор за негувателката што тепаше дете во игротека

451

Основниот кривичен суд Скопје донесе решение со кое се прифаќа барањето на Јавното обвинителство за мерка притвор од 30 дена за негувателката која вчера тепаше двегодишно дете во игротека во Скопје.

-Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за определување мерка притвор, денеска доцна попладне, пред судија не претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје беше спроведена Ж.П. поради основано сомнение дека сторила кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете од чл. 201 ст.1 од КЗ. Потоа постоењето на околноста дека може да влијае на сведоците во контекст на издадената наредба за спроведување истражна постапка и фактот дека осомничената и во иднина би можела да работи иста или слична работа со што би се довеле во ризик други лица, судот донесе решени со кое се усвојува предлогот на обвинителството и се определува мерка притвор во траење од 30 дена согласно одредбите од чл. 165 ст.1 т.1, 2 и 3 од ЗКП – стои во соопштението.