Трактор и камион се судрија кај селото Дебреште, двајца повредени

64

На регионалниот пат Прилеп-Македонски Брод, кај влезот за селото Дебреште, вчера попладне се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор „ИМТ“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од О.М.(39) од селото Дебреште и камион со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(33) од Крушево.

МВР јави дека во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, а со телесни повреди се здобила неговата сопатничка.

Тие биле пренесени во болницата во Прилеп, а полицијата извршила увид на местото на несреќата.