Тракторист се преврте кај Зрновце поради лизгање на земјиштето

108

Вчера во полициската станица Кочани било пријавено дека на некатегоризиран пат од правец на селото Зрновци кон браната „Зрновска Река“, поточно кај местото викано Бузовачки дол, поради лизгање на земјиште од патот дошло до превртување на трактор со приколка, управуван од Ѓ.С.(38) од селото Зрновци.

 Како што информираа од МВР, Ѓ.С. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Кочани, но поради сериозноста на повредите бил префрлен во Клиничката болница во Штип.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кочани.