„Траекторија“ продолжува на 18 септември со дослушување „бомби“ на СЈО

73

На 18 септември продолжува судењето по предметот „Траекторија“ на СЈО, на кој ќе бидат дослушани дел од 14-те бомби што попладнево судијата Горан Бошевски одобри да се слушнат во судницата на барање на одбраната, но без присуство на јавноста.

Во попладневниот дел од рочиштето, по паузата дадена за судот да се донесе одлука за барањето за (не)слушање на спорните 14 бомби, дел од нив сепак беа слушнати, но без присуство на јавноста. Обвинителката Лиле Стефановска за овие спорни „бомби“ сметаше дека не треба да се користат како докази, бидејќи биле приватни разговори, а некои и биле водени на странски јазик. 

Судењето за предметот “Траекторија“, инаку, денеска продолжи по двомесечна пауза.

Во Кривичниот суд присутни беа обвинетите Никола Груевски, Владимир Пешевски, Миле Јанакиески и Љупчо Георгиевски, како и обвинителката Лиле Стефановска. 

За „Траекторија“ во судницата треба да се преслушаат вкупно 315 „бомби“.