Трагедија во Битола – ја убил сопругата, по што се самоубил

1118

Убиство и самоубиство се случија попладнево во Битола. По расправија, маж ја застрелал сопругата по што си го одзел животот. Обвинителството информира дека дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола извршил увид во стан на улицата „Климент Охридски“ во Битола, каде попладнево беа пронајдени безживотни тела на маж и жена, на возраст од 62 и 57 години.

-Во насока на расчистување на кривично-правниот настан, издадена е наредба за вештачење на сите траги и материјални докази пронајдени и подигнати на лице место. По наредба на јавниот обвинител, телата на починатите се предадени на обдукција – соопшти обвинителството.

Од полицијата соопштија дека околу 14.15 часот во СВР-Битола било пријавено дека на ул. „Климент Охридски“, С.Ѓ. по претходна меѓусебна расправија, ја убил неговата сопруга М.Ѓ. пукајќи со пиштол ЦЗ 7,62 по што извршил самоубиство.