Товарен воз удрил во автомобил кај Велес

123
Фото: Игор Бансколиев

Товарен воз удрил во автомобил на пругата Велес – Битола, кај поранешната фабрика „Киро Ќучук“ во Велес. Во несреќата нема повредени.

Според информациите на МВР, вчера околу 17 часот се случила железничка незгода помеѓу автомобил „бе-ем-ве“ со италијански национални ознаки, управувано од Џ.Е.(48) од село Долно Јаболчиште и товарен воз, управуван од Д.Н.(53) од село Лопате, кумановско.

Железничкиот сообраќај на релација Велес-Битола бил во прекин од 17 до 19.40 часот. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес.