Тинејџер од Скопје со нож нападнал охриѓанец во кампот Љубаништа

110

Охридската полиција поднесе кривична пријава против 18-годишниот Н.В. од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело загрозување со опасно орудие при тепачка или караница.

Како што информираат од МВР, тој на 27 август годинава во автокампот Љубаништа физички го нападнал А.Ј.(20) од Охрид, при што користел и остар предмет.