Тешко повреден пешак во Скопје

171

Четириесетгодишен пешак е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила денеска во 12.50 часот на улица „Кирил и Методиј“ во Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи за МИА информираа дека патничко моторно возило „пежо“ со скопски регистерски ознаки управувано од Д.К (49) удрило во пешакот Б.А (40) од Скопје. 

Повредениот пешак со возило на Итна медицинска помош е однесен на Клиничкиот центар каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот.