Тешко повреден мопедист во Свети Николе

87

На улицата „Ангел Трајчев“ во Свети Николе вчера околу 13.20 часот се случила сообраќајна незгода во која лицето Г.Т.(41) се здобило со тешки телесни повреди.

Имено вчера во критичното време на споменатата улица дошло до судир помеѓу патничко моторно возило марка „Сеад Толедо“ со светиниколски регистарски ознаки управувано од Ј.Ѓ. (57) од Свети Николе и мопед марка Баотијан управуван од Г.Т.(41) од Свети Николе. Во незгодата мопедистот Г.Т. од Свети Николе се здобил со тешки телесни повреди поради што итно бил префрлен во Здравствената установа -Свети Николе од каде што поради сериозноста на повредите бил префрлен во Медицинскиот центар во Штип.

Светиниколската полиција извршила увид на местото на настанот.

Т.Д.