Тешко повреден кичевец кој со автомобил удрил во бетонски столб

242

Р.Ц. (56) од Кичево, управувајќи патничко возило „Лада-Нива“ со кичевски регистерски ознаки, загубил контрола врз возилото, преминал на спротивната страна од коловозот и удрил во бетонски столб, вчера околу 14 часот на улица „Ужичка“ во Кичево.

Р.Ц. се здобил со тешки телесни повреди и по приемот во Општата болница во Кичево, поради тежината на повредите бил упатен во Ургентниот центар-КАРИЛ во Скопје.

На местото на настанот увид извршила екипа на ПС-Кичево. Причините за оваа сообраќајка дополнително ќе се утврдуваат. З.А.