Тешко повреден велосипедист во сообраќајка во Велес

89

Едно лице се здобило со тешки, а две со телесни повреди во сообраќајка што се случила вчера на улицата „Димитар Влахов“ кај железничкиот мост во Велес.

Од МВР информираат дека вчера во 17:25 часот било пријавено дека на улицата „Димитар Влахов“ кај железничкиот мост се случила сообраќајна незгода меѓу мопед „Априлија“ со велешки регистарски таблици, управуван од Ѓ.К. (50) од Велес и велосипед „Крос“, управуван од Н.М. (50) од Велес.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Н.М., а Ѓ.К. и сопатничката на мопедот Д.Т. се здобиле со телесни повреди констатирани од страна на лекар од Општата болница Велес.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Велес и се работи на расчистување на случајот, се наведува во соопштението од МВР.