Тешко повреден велосипедист во Скопје

42

Скопјанец со автомбил удрил во велосипедист кој со тешки повреди бил пренесен на Клиника.

Според информаците од полицијата, несреќата се случила вчера во 17.50 часот на улица Сердарот во Скопје, кога „пежо 206“, управувано од С.Т.(35) од Скопје, удрило во велосипедист кој се здобил со тешки телесни повреди.

Тој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на нeсреќата од екипа од СВР Скопје.