Тешко повредено девојче во сообраќајка во Пирава

99

Тринаесетгодишно девојче од Струмица е тешко повредено во сообраќајка што се случила вчера попладне во село Пирава.

Како што соопшти МВР, се судриле две патнички возила „Фолксваген“ со струмички регистерски таблички управувано од К.Б. (26) од Струмица и „Рено“ со словенечки таблички управувано од Д.С. (25) со престој во Република Словенија. 

Во незгодата тешки телесни повреди здобило и лицето С.В. (44) од Струмица.

Девојчето и С.В. кои биле во возилото „фолксваген“ се  пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Од судирот се повредени и другите сопатници од „фолксвагенот“, Г.И. (46), С.И.(45), А.А.(45), М.А.(23) и А.А., сите од Струмица, кои по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.

Повредена е и 17-годишна сопатничка од возилото „Рено“, но е пуштена на домашно лекување.

Увид на местото на настанот изврши Полициската станица Валандово. Се работи на целосно расчистување на случајот.