Тешка сообраќајна несреќа кај Драчево

861

Тешка сообраќајна несреќа се случила утринава на патот кон Драчево.

На терен се противпожарните и полициските екипи, а како што дознаваме, повредени се две лица, од кои едното полесно.

На терен се уште се утврдува како дошло до несреќата, меѓу двете возила, „форд фиеста“ и „цитроен саксо“.

Повредените се пренесени во Градската болница.