Во последните 24 часа

Велосипедист го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случила рано утрово 1.30 часот во скопската населба Маџари.
Според инфорациите од полицијата, било пријавено дека во Скопје, на ул.„Маџари“, патничко возило „форд фокус“, со скопски регистарски ознаки удрило во велосипед управуван 58-годишно лице од Скопје.
Велосипедистот починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.

На мaгистралниот пат Охрид-Ресен, вчера во близина на охридското село Лескоец, патничко возило „ауди А4“, со охридски регистарски ознаки удрило во 68-годишен пешак од село Лескоец. Како што информира полицијата на местото на несреќата починал пешакот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Охрид.
Увид извршија полициски екипи и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот ќе биде предадено за обдукција.

Вчера во 17.30 часот било пријавено дека во Скопје, на ул.„Методија Андонов Ченто“, патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки удрило во 39-годишен пешак , двајцата од с.Арачиново, скопско. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиниката за хируршки болести „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на несреќата од увидна екипа од СВР Скопје.