Тешка сообраќајка на патот Кочани- Делчево

264

Тешка сообраќајна несреќа, во која е повредено едно машко лице се случи попладнево на магистралниот пат Кочани-Делчево во близина на браната Калиманци.

Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова за МИА вели дека се уште не е утврден идентитетот на лицето.

Несреќата се случила во 15:50 часот меѓу тешко товарно возило „мерцедес“ со бугарски регистарски таблички и автомобил марка „опел“ без регистарски таблички.

Во несреќата тешко е повреден возачот од автомобилот кој веднаш е пренесен во кочанската Општа болница, но како што информира Панајотова, поради сериозноста на повредите, лицето е транспортирано на клиниките во комплексот „Мајка Тереза“ во Скопје каде што лекарите се борат за неговиот живот. 

Увидот на местото прават полициските службеници и јавен обвинител, а сообраќајот во моментов на магистралниот пат Кочани-Делчево, кој води кон граничниот премин со Бугарија, е затворен за сообраќај во двете страни. 

По завршувањето на увидот се очекува сообраќајот да се нормализира.

Возилата коишто патуваат кон Македонска Каменица и Делчево се пренасочуваат кон патните правци од Виница- Бигла и Виница-Берово-Пехчево -Делчево граничен премин.