Тешка сообраќајка на патот Гостивар-Кичево: Еден загинат, четворица повредени

2300

Едно лице го загубило животот, а четири се тешко повредени во тешка сообраќајна несреќа која се случила попладнево на магистралниот пат Гостивар-Кичево.

Според првичните информации на СВР Тетово, околу 17:30 часот во близина на еден од каменоломите на четири километри од Гостивар дошло до судир на две патнички возила. Неофицијално, во сообраќајната несреќа учествувале „опел астра“ со дебарски регистерски ознаки  и „рено меган“ со гостиварски регистерски ознаки.

По несреќата повредените биле пренесени во гостиварската општа болница. Во меѓувреме се очекува да биде направен увид од страна на јавен обвинител и екипа на полициската станица Гостивар.

 Сообраќајот на овој дел од патот се одвива без застој.