Фото: Илустрација

Рано изутринава на патот Битола-Новаци, кај селото Логоварди, дојде до
тешка сообраќајна несреќа.

До несреќата дошло кај самата раскрсница кај селото Логоварди, кога дошло до директен судир на две патнички возила, од кое едното е марка „голф“.

По судирот едното од возилата паднало во ендекот покрај патот.

Битолската полиција го обезбедува местото на несреќата и го пренасочува сообраќајот по околните улици на селото Логоварди.

Увидот е во тек, а допрва се очекуваат официјални информации. М.М.