Тешка сообраќајка кај Струга, едно лице загина, петмина повредени

216

Едно лице го загуби животот, пет се повредени во сообраќајна несреќа што изутрината во 5.45 часот се случи на магистралниот пат Струга – Охрид на крстосницата кај струшкото село Мислешево.

До несреќата дошло при судар на автобус со охридски регистерски таблички и патничко возило „Шери“ со струшки ознаки, со кое управувало лицето кои се здобило со фатални повреди. Неговиот идентитет се уште не е утврден.

На местото на сообраќајната незгода увид извршиле надлежен јавен обвинител, како и полициски екипи од Полициската станица – Струга.