Тешка кражба во општинската зграда во Арачиново

126

Секретарот во општина Арачиново вчера пријавил дека во периодот од 16 часот на 4 јуни до 8 часот на 8 јуни непознат сторител извршил тешка кражба во општина Арачиново.

Според пријавеното, сторителот со употреба на сила влегол во Општината. Со дополнителен попис од одговорните лица во Општината, ќе биде утврдено дали нешто е одземено по што ќе биде утврдена и причинетата материјална штета.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.