Тетовец со нож се заканувал во дуќан

105

Полицијата поднесе кривична пријава против 28-годишен селанец од тетовскиот регион, поради сомнение дека сторил кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ и „загрозување на сигурноста“.

Како што информираат од МВР, на 13 јули во продажен објект во селото, дошол 28-годишникот, кој почнал да ја навредува неговата поранешна сопруга, која работела во објектот и растурил прехранбени продукти во продавницата.

Тогаш дошол сопственикот на продавницата, заедно со негов 59-годишен познаник и започнале расправија со насилникот. Притоа, пријавениот извадил нож и се упатил кон еден од нив со намера да го повреди, но не успеал во намерата, по што го напуштил местото на настанот.

Покрај ова, на 17 јули, 28-годишникот и телефонски му се заканувал на сопственикот на продавницата.