Тетовец скокнал во Вардар и спасил 81-годишен маж

226
Фото: Илустрација

Од водите на реката Вардар вчера бил спасен Б.М.(81) од Скопје, на подрачјето на општина Аеродром.

Дваесет и седумгодишен градежник од Тетово го забележал мажот во реката, по што скокнал и го извадил, велат од полицијата.

На местото на настанот стигнала Итната медицинска помош која констатирала дека скопјанецот е во добра состојба.

Тој бил вратен дома, а неговата снаа пред полицијата објаснила дека свекорот има здравствени проблеми. Домот го напуштил без знаење на семејството.