Тетовец си го киднапирал синот од поранешната сопруга во Тирана

203

Албанската полиција во соработка со Основното јавно обвинителство во Тирана почнала постапка за пронаоѓање и приведување на македонскиот државјанин Б.М. жител на Тетово.

Триесет и четиригодишниот тетовец се сомничи дека без знаење на неговата поранешна сопруга со себе го земал десетгодишниот син И.М.

Според албанските медиуми киднапирањето на синот во полицијата го пријавила мајката Л.М.(32) и поранешна сопруга на тетовецот, која по разводот заедно со синот живее во Тирана.

Таа тврди дека Б.М. дошол на вообичаена посета за да го види својот син, по што го земал и заминал за Македонија без нејзино знаење.