Тетовец нападнат со пиштол пред својата куќа

1413

Непознато лице го удрил со пиштол К.М. (61) од тетовско Боговиње пред неговата куќа, откако го прашало зошто го удрил возилото на зет му.

Како што информира МВР, К.М. (61) од село Боговиње, Тетовско пријавил дека вчера околу 20:30 часот во неговата куќа дошло непознато лице и тропало на вратата од дворот, а откако излегол лицето го прашало зошто го удрил возилото на зет му, по што извадило пиштол и го удрило во пределот на устата.

На К.М. му била укажана лекарска помош во Медицинскиот центар во Тетово, од каде бил упатен во комплексот клиники „Мајка Тереза“- Скопје.

Се работи на целосно расчистување на случајот.