Тетовец и охриѓанец шетале наместо да седат во самоизолација

86

Полицијата информира дека поденесени се кривични пријави против две лица од Охрид и Тетово кои не биле затекнати дома, иако имале решенија за задолжителна самоизолација.

Станува збор за С.А.(57) од Охрид и А.Б.(34) од Тетово.

При контола од полициски службеници тие не биле затекнати во домот, со што постапиле спротивно на Решението за задолжителна самоизолација.

Тетовецот не го подигнал своето решение, и одбил да соработува со Центарот за јавно здравје, велат од полицијата.