Шеестгодишен маж од селото Орашје, Тетовско, пријавил дека бил измамен од две лица во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Според пријавеното, од двете лица бил замолен да биде преведувач, бидејќи едно од лицата не разбирало албански јазик, на што се согласил.

– Како што е пријавено, по кратко време едно од лицата, кое се претставило дека е од Косово, му побарало пари на заем, а откако му ги дал, двете лица заминале – велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.