Терористот кој изврши напад во двете џамии во Нов Зеланд призна вина

301

Брентон Тарант, кој  го изврши нападот во двете џамии во Крајстчрч на Нов Зеланд, ја призна вината по 51 обвинение за убиство, 40 обиди за убиство и едно обвинение за тероризам.

Сослушувањето во Врховниот суд се одвиваше по пат на видеоврска.

Тарант е во притвор од 15 март 2019 година, кога беше уапсен и обвинет за пукање од полуавтоматско оружје, а злосторството го пренесуваше во живо преку „Фејсбук“.

Судот не соопшти кога ќе биде донесена пресудата.