Тепачка помеѓу малолетници во автобус на ЈСП

130

Вчера во автобус со бројот 57, кој сообраќал на релација Радишани – Бутел, на улицата Александар Урдаревски, поради меѓусебно нетрпение, дошло до физичка пресметка помеѓу две групи составени од малолетни лица.

Од МВР информираат дека од едната страна во пресметката учествувале тројца малолетници на возраст од 15 до 16 години, а од другата страна пет малолетници – 13 до 16 години, сите од Скопје.

Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 став 3 и член 34 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.