Тепачка на бензинска на булевар „Борис Трајковски“

2347

Три лица вчера физички се пресметале при точење гориво на бензинска пумпа на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје.

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 18,45 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено нарушен јавен ред и мир со меѓусебна тепачка на бензиска пумпа на булеварот „Борис Трајковски меѓу В.Г.(27) и М.З.(21) од една страна и М.Ј.(36) од друга страна.

Додека М.Ј. точел гориво во неговото возило позади него се паркирало друго возило управувано од В.Г. и меѓу нив дошло до недоразбирање околу точењето на гориво и поместувањето на возилата. По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци