Тепачка меѓу две групи кај „Чаирчанка“ поради долгови

262

Деветнаесетгодишен жител на скопското село Никиштане пријавил во полиција дека доцна синоќа кај место викано „Чаирчанка“ на улица „Цветан Димов“, поради нерасчистени должничко доверителни односи и претходна расправија, пријавителот и Љ.Е, Р.С. и А.А. биле физички нападнати од Б.Ј, Е.Н и уште едно непознато лице, кои што во нападот употребиле нож, секира и копач.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.