Тело на 60-годишна жена извлечено од водите на Вардар во Скопје

94

Телото на 60-годишна жена било извлечено од реката Вардар во Скопје.

– Вчера во СВР Скопје било пријавено дека во водите на реката Вардар има починато женско лице. Од екипа на Бригадата за прпотивпожарна заштита Скопје телото било извадено, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство – информираат од МВР.

По преземени мерки било констатирано дека станува збор за Б.К.(60) од населбата Радишани.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција.