Телевизорот, Дебелиот, Ибица и Шпанецот во новите „бомби“ за „Труст“

2266

Десет необјавени „бомби“ за предметот „Труст“ беа пуштени во Кривичниот суд во Скопје, на предлог на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Станува збор за прислушуваните разговори меѓу поранешниот директор на ЕЛЕМ Влатко Чинговски и поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски, во кои се спомнуваат и Сеад Кочан и Горан Иванов-Ѕинго, при постапката за добивање на тендер на ЕЛЕМ.

Во бомбите, бизнисменот Сеад Кочан е ословуван како „Ибица“ и „Шпанецот“, а директорот на телевизија „Сител“, Иванов, како „Телевизорот“ и „Дебелиот“.

По бомбите, кои се последните дополнети докази на СЈО за „Труст“, треба да бидат изречени завршните зборови и пресудата.

Во „Труст“ обвинети се бизнисменот Сеад Кочан и уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ, за учество на тендер на Електрани на Македонија. Според обвинението, осомничените со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.

Предметот е оформен врз основа на три прислушувани разговори, од кои два необјавени во јавноста, од 3 август и 6 октомври 2011 година.