„Таргет-Тврдина“ продолжува на 22 септември

109

Рочиштето за предметот „Таргет-Тврдина”, продолжува на 22 септември, откако неколку сведоци дадоа искази на денешното рочиште. Преку сведочењата судот беше запознаен со околностите за поддршката од надвор во системите за следење на комуникации, односно за формирање на Комисијата за поништење на опрема на УБК.

Јавноста беше исклучена во дел од рочиштето поради работната позиција на еден од сведоците.

Во „Таргет-Тврдина” обвинети се поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, како и неколку вработени во поранешното УБК кои се товарат за нелегално прислушување на над четири илјади телефонски броеви.

Судскиот процес го водат Џенета Бегтовиќ и Владимир Туфегџиќ, аа обвинението е застапено од Трајче Пеливанов, Ленче Ристовска и Артан Ајро.