Сè уште трае потрагата по момчето кое исчезна во Преспанското Езеро

203

Повеќе од 20 часа се трага по момчето кое вчера исчезна во Преспанското Езеро.

Како што информираа од полицијата, станува збор за 16-годишно момче од Ресен, а инцидентот се случил во туристичката населба Претор.

Момчето било со уште двајца негови другари на педалинка која се превртела. Двајцата успеале да се извлечат од под подалинката, но 16-годишникот не успеал да исплива на површината.

Езерото го пребаруваат нуркачи, а попладнево се приклучи и специјална единица на МВР.