СЈО денеска ќе го достави предлогот до Кривичен за куќен притвор на Мијалков

192

Специјалното јавно обвинителство денеска ќе го достави предлогот за определување куќен притвор на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков до Основниот суд Скопје1.

Документите за Мијалков кој е осомничени во предметот „Империја“ вчера беа вратени на доработка бидејќи биле некомплетни.

Во „Империја“ покрај Мијалков осомничени се Јордан Камчев, Цветан Панделевски, Ненад Јосифовиќ, Зорица Арсовска, Тодор Мирчевски и дриги.