СЈО бара Камчев да биде донесен со полиција за да сведочи во „Тортура“

209

Судијката Александра Ристеска го одложи денешното рочиште за предметот на СЈО, „Тортура” поради отсуство на обвинетиот Метуш Шабани, поради повреда на коленото која се случила неделава.

Судијката констатира дека за новинарката Оливера Трајковска нема уредна достава на судската покана. Таа, како што образложи судијката, не се јавувала на вратата. За експортпаролот на МВР, Иво Котевски, кој исто така е повикан како сведок нема доказ за уредна достава на поканата за сведочење. Бизнисменот Орце Камчев ја примил поканата за сведок на петти јуни, но денеска не дојде да сведочи. Обвинителот Љубомир Лапе побара Камчев да биде донесен со полиција. Ако Камчев го оправда отсуството, ќе биде повлечена наредбата за стражарно приведување.

Во предметот „Тортура” на СЈО, обвинети се ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на единицата „Алфи“ Ивица Антевски-Пуки и уште петмина припадници на единицата за мачење и изживување врз лидерот на „Обединети за Македонија“, Љубе Бошкоски.

На 6 јуни 2011 година, ден по парламентарните избори, Бошкоски беше уапсен „алфите“, под сомнение дека незаконски користел финансиски средства за изборната кампања. Според обвинението, со апсењето на Бошкоски му била нанесена душевна и физичка болка, страдање, срам и понижување било по нарачка на Мијалков поради дискриминација по основ на поинаква политичка определба.

Предметот е во фаза на доказна постапка. Првото рочиште за овој случај се одржа на 28 февруари 2018 година.