Судењето за „Монструм“ продолжува на 25 септември

87

Тројца сведоци предложени од одбраната, од кои еден е полициски службеник од единицата Алфа, предвидено е да сведочат за случајот „Монструм“ кој продолжува на 25 септември. На денешното рочиште беа презентирани вербални и материјални докази од сведоци предложени од одбраната.

Судијата Огнен Ставрев наведе дека доказната постапка би требало да заврши за две рочишта по што на странките ќе им даде време за подготвување на завршни зборови.

За убиството на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски во април 2012 година обвинети се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ (во бегство) и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута.