Судењето за ,,Ликвидација” почнува од почеток на 2 јули

180

Судењето за предметот ,,Ликвидација” почнува од почеток на 2 јули по укинувањето на пресудата од страна на Врховен суд. Највисокиот суд пред три недели ги укина пресудите за предметот кој е поврзан со убиството на Лазар Милошевски од 2005 година во велешко Ореше, а во кој еден од осудените е и новинарот Томислав Кежаровски.

Новинарот Томислав Кежаровски првично доби казна затвор од 4 години и 6 месеци, а потоа казната му беше намалена на 2 години затвор. Тој беше осуден дека во новинарски текст објавил идентитет на заштитен сведок.

Осуммина лица поврзани со предметот „Ликвидација“ беа осудени за различни кривични дела.