Струмичанец нападнат од луѓе кои седеле со екс министерот за внатрешни Чавков

331

Струмичанец синоќа пријавил дека бил нападнат од четири лица, кои биле заедно со поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков во ресторанот „Подгорски ан“ кај селото Габрово.

Според МВР, вчера во 18:40 часот во Полициското одделение Ново Село, В.С. (44) од Струмица пријавил дека истиот ден околу 18 часот бил физички нападнат од четири лица во угостителски објект во село Габрово.

– Во угостителскиот објект тој бил во друштво на двајца пријатели, а во моментот кога извадил телефон и почнале да се сликаат, бил нападнат од неколку лица кои седеле на соседната маса (Г.Б., В.Т., В.Е. и В.А.) кои физички го нападнале и му го одзеле телефонот. Тие го удирале со раце во пределот на главата и грбот и побарале да им ја каже лозинката на телефонот. По кратко време, од летната тераса на објектот го внеле внатре и потворно му се заканувале и го удирале. Откако им ја кажал лозинката го пуштиле да излезе надвор, а набргу потоа си заминале. Пред да заминат, кај В.С. дошол и М.Ч., кој седел на истата маса со напаѓачите, и го прашал што има против него – информира полицијата.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.