Стружанец нападнат на авто-плац кај селото Долна Белица

124

Синоќа во 19,00 часот, било пријавено дека во Општата болница во Струга, со повреди бил донесен И.И.(40) од струшкото село Велешта. Од полициски службеници било излезено на местото на настанот и  било констатирано  дека тој, на авто-плац кај селото Долна Белица, бил физички нападнат од Г.О. и А.О. од с.Велешта. По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, информира полицијата.