Стефанова: Чудно беше како Камчев знаеше дека ќе му вршиме претрес

505

Обвинителката од поранешното СЈО Лиле Стефанова денеска сведочи пред Кривичниот суд за случајот „Рекет” каде обвинети се Бојан Јовановски – Боки 13 и ексшефицата на СЈО Катица Јанева за изнуда на пари од бизнисменот Орце Камчев.

Таа првично рече дека не е скарана, но дека не е во добри односи со Јанева.

Стефанова го водеше предметот „Империја” каде што осомничени меѓудругите се токму Камчев и негови блиски соработници, меѓу кои и Цветан Панделевски, Ненад Јосифовиќ, Сашо Мијалков…

Таа пред судот објасни како течела истрагата за „Империја”.

– Чудно беше како Камчев знаеше дека ќе му вршиме претрес. Истражителите дојдоа во 6 сабајле, Камчев ги дочека облечен и подготвен. Таму беше и Зоран Милески Кичеец, а подготвена чекаше и неговата сопруга Ана. Кога се вршеше претрес во „Орка Холдинг“, канцелариите веќе беа исчистени, а таму чекаа Михајло и Филимена Маневски – рече Стефанова.

Во текот на целата предистражна и истражна постапка, рече Стефанова, Камчев се обидувал да влијае преку политичари, емисари, обвинители, судии, бизнисмени.

– Тие обиди за влијание тогаш беа безуспешни. И кај мене и одговорно тврдам дека и кај Катица Јанева, која не покажа дека сака да ја подобри положбата на овие лица – рече Стефанова.

Нејзиното сведочење продолжува.