Стефанова од СЈО: Јас не стравувам од новата истрага, а за Јанева не знам

952

Обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова, која го води случајот „Империја“ вели дека сите одлуки и списи кои излегувале од Специјалното јавно обвинителство ги потпишувала Катица Јанева.

Обвинителката воедно рече дека нема потпишано ниту една одлука која излегла од Обвинителството.

– Не сум потпишала ниту едно решение за пуштање од притвор во куќен притвор, ниту одлуката за давање на патни исправи на Цветан Панделевски. Сите одлуки си ги носи и потпишува Катица Јанева – рече Стефанова и доплни дека таа законски нема право да потпишува вакви одлуки.

Таа на денешната прес-конференција се обрати пред новинарите, откако тие инсистираа на изјава бидејќи токму Стефанова го води случајот „Империја“ каде како осомничен се јавува сведокот по чии изјави Бојан Јовановски и Зоран Милевски се осомничени за рекет, а еден од нив и за перење пари.

– Не стравувам дека можам да бидам инволвирана во новата истрага. Нема зошто да бидам инволвирана. Не знам дали треба госпоѓа Јанева да стравува. Тоа ќе ја прашате неа – додаде Стефановска.