Стефанова: Неизвесно е дали истите обвинители ќе ги водат предметите од СЈО

103

Обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова информираше дека веќе се одвива примопредавање на предметите од СЈО.

Во однос на тоа дали истите обвинители ќе ги водат предметите или на нивно место ќе бидат поставени нови, Стефанова изјави дека за тоа сè уште не се знае, односно дека дополнително ќе одлучат од Јавното обвинителство.

Утрово, во просториите на Специјалното јавно обвинителство почна средба со државниот јавен обвинител Љубомир Јовески каде се договараат деталите како ќе се преземат предметите што ги води СЈО.