Стефанова: Дејствијата на Јанева нанесоа огромна штета на СЈО

402

Дали Катица Јанева е виновна за кривичното дело што се суди, ќе си одлучи судечкиот совет што ја води оваа постапка. Но, без разлика каква пресуда ќе биде донесена, дејствијата за кои Јанева е на обвинителната клупа предизвикаа огромна штета на сметка на специјалното обвинителство и разочараност кај целата правдољубива јавност во државата, изјави обвинителката Лиле Стефанова, по завршувањето на сведочењето за „Рекет“.

Стефанова кажа дека нема да коментира во однос на исказот кој го дала во судница и дека одговарала на сите прашања кои ѝ биле поставени. Уште еднаш повтори дека нема никаква поврзаност со случајот „Рекет“.

– Јавноста има доволно време и доволно информации да се сфати дека јас како предметен истражител во случајот „Империја“ и вработена во СЈО имам било каква поврзаност со дејствијата за кои Јанева денес седи на обвинителните клупи – рече Стефанова.

Таа вели дека е разочарана што рече дека на овој начин неосновано се дискредитирани предметите и работа на ова обвинителство.

– Се покажа дека ако сте лице кое има политичка и општествена моќ, ќе најдете начин преку вршителите на функциите во правосудниот систем да си ја олесните својата положба во кривичните постапки, и преку преговори и договори да најдете начин да ја избегнете кривичната одговорност – вели обвинителката Стефанова.

Таа додава дека забрзано се работи на случајот „Империја“ за да добие на ефикаснот и наскоро очекува предметот да добие епилог со донесување на јавнообвинителска одлука.