Старица од Тетово крадела струја, имала долг од половина милион денари

1079

Полицијата поднесе кривична пријава за старица од Тетово за кражба на струја. Екипи на ЕВН ѝ ја исклучиле струјата поради долг од половина милион денари, по што таа нелегално се приклучила кај друг потрошувач.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.М.(72) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело кражба на електрична енергија.

Поради неплатен долг за потрошена енергија во висина од 580.000 денари кај пријавената С.М.(72) од Тетово, на 16 јануари 2019 година од ЕВН било исклучено и дислоцирано електричното броило, а потоа за повторно да ја користи електричната енергија, приклучен бил кабел за напојување со електрична енергија кај потрошувачот Н.Ф. и заеднички користеле енергија без да се мери потрошувачката, со што е причинета материјална штета во износ од 12.724 денари на штета на ЕВН Македонија.