Српски државјанин без тест за ковид-19 илегално влегол во земјава

138

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Д.(26) од Србија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Пријавениот, на 2.8.2020 на граничниот премин Блаце се обидел да влезе во Македонија без притоа да поседува PCR-тест не постар од 72 часа, но бил вратен од страна на надлежните служби. Потоа, остварил илегален влез во земјава каде се задржал до 4.8.2020, кога на граничниот премин Табановце сакал да оствари излез и да се врати во Србија. При извршен преглед од страна на надлежните било констатирано дека лицето не е во евиденцијата за остварен влез во земјава.

Со ова пријавениот постапил спротивно на одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирусот ковид–19, донесена од Владата, со која не е дозволен влез на државјани на Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина без приложена медицинска потврда со негативен резултат за ковид–19.