Беше страшно, не претпоставувавме дека се работи за запален автобус

2174

На граничниот премин Табановце, каде што денес се случи несреќата со запалениот автобус, нашиот колега Дејан Србиновски се затекна на местотот на несреќата и меѓу првите информираше за случувањата. 

– Чад се гледаше два километри пред границата, мислевме дека гори некој објект. Не претпоставувавме дека станува збор за запален автобус – изјави Дејан Србиновски, вработен во „Нова Македонија“, кој се најде на местото на несреќата.

За среќа, засега нема повредени, освен понекоја мала гребнатинка кај патниците. Србиновски објаснува дека се враќал од Врање, а патниците самите излегле од автобусот и биле видно потресени и стравувале дека автобусот ќе експлодира. 

Засега се уште не се знае причината за избувнатиот оган во автобусот.