Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на социјалните мрежи посочи дека дел од пожарите во земјава се подметнати или се предизвикани од невнимание на одредени луѓе. Затоа, според него, мора да има посериозна одговорност.

– Досега МВР има приведено 17 лица, повикани во полициска станица се 16 лица, имаме поднесено три кривични пријави и две прекршочни. Сѐ уште се работи на добар дел од овие случаи и штом ќе заврши со целата постапка ќе се поднесат соодветни поднесоци – напиша Спасовски на Фејсбук.

Постапката, како што наведува министерот, се води во координација со Јавен обвинител и од таму се добиваат насоките во однос на квалификација на кривичното дело.